дома Хроника СО ПИШТОЛ И АВТОМАТСКА ПУШКА: Грабеж во „Златна копачка“

СО ПИШТОЛ И АВТОМАТСКА ПУШКА: Грабеж во „Златна копачка“

Во ЕИК-Скопје, вчера во 17:13 часот пријавено е дека во Скопје на улицата „Лазо Трповски“ поточно во спортска обложувалница „Златна копачка“, две непознати лица маскирани со шалови на главите, едниот вооружен со пиштол, а другиот со автоматска пушка, извршиле разбојништво, при што од вработените одзеле засега неутврдена сума на пари и го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.