дома Хроника СПАСИ ДЕТЕ, ТОЈ ЗАГИНА: Погребан 22-годишниот Бурхан Латифи кој загина на одмор...

СПАСИ ДЕТЕ, ТОЈ ЗАГИНА: Погребан 22-годишниот Бурхан Латифи кој загина на одмор во Грција

Беше жив и здрав. Отиде во Грција да се одмори, но таму се случи трагедија. Дваесет и две годишниот Бурхан Латифи од Арачиново кој почина пред неколку дена на плажите на Грција денеска го погребaa. Трагедијата се случилa кога едно дете побарало помош во морето, а Бурхан бил првиот што стрчал да помогне, но за жал не успеал да се спаси себеси и починал неколку минути откако неговото тело било извадено од морето.
Погребот на 22-годишниот се одржа на гробиштата на село Мојанци. Бурхан беше единствениот син на семејството Латифи.