дома Македонија СПАСОВСКИ БРКА ПОЛИЦАЈЦИ ОД РАБОТА: Поради случувањата на 27 април избркани десетици...

СПАСОВСКИ БРКА ПОЛИЦАЈЦИ ОД РАБОТА: Поради случувањата на 27 април избркани десетици полицајци!

Десетици полицајци кои непрофесионално си ја извршиле работата на 27 април, кога се случи „крвавиот четврток“ во Собранието, добиле откази, неофицијално дознава „Фокус“ од добро упатени извори.

Според извори на „Фокус“, решенијата за отказ биле потпишани во петокот, а денеска полицајците почнале да ги подигаат.

Според неофицијални информации отказ добил целиот кордон полицајци кои биле пред Собранието и уште неколку други и тоа за наводно непревземање мерки во момент на извршување на кривично дело.

На неодамнешниот брифинг кој министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го имаше со новинарите истакна дека засега суспендирени се 42-ца полицајци, а против 70 се водат дисциплински постапки.