дома Македонија СПАСОВСКИ: МВР ги презеде сите мерки за изборниот процес да помине во...

СПАСОВСКИ: МВР ги презеде сите мерки за изборниот процес да помине во демократски услови

Институциите покажaa дека може да организираа мирни и демократски избори како што и доликува на една држава која е претендент да биде земја-членка на Европската унија, рече на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по завршувањето на првиот круг на претседателските избори.

Тој додаде дека МВР ги презело сите мерки за изборниот процес да помине во демократски и фер услови.

Како непpaвилности ги истакна фотографирања на гласачки ливчиња, оштeтyвaњe на гласачка кутија во Новаци, делење на рекламен материјал со еден од кандидатите во Кучичино, за што е известено OJO.