дома Социјални Мрежи Спасов: Трифунов е шутpaк кој пojма нema од политика

Спасов: Трифунов е шутpaк кој пojма нema од политика

Слави Триуфонов е невиден шутрак кој појма нема од политика, коментира поранешниот пратеник и министер Ѓорѓи Спасов по изјавата на лидерот на „Има таков народ“ дека ќе испрати во НАСА еден „северномакедонски астронаут“.

Тој може да состави само влада која ќе се вика како неговиот бенд „Ку-Ку“ мајко Блгарио. За сега лета само со умот во вселената ама набргу бугарските граѓани ќе почнат да викаат аман Ку-Ку од него, Леле што направивме и ќе го лансираат таму без подршка од НАСА.

Можеби во право бил Тодор Живков. Тој барал да го закопаат со лицето кон земја. Кога го прашале зошто, тој одговорил. Кога ќе видат Бугарите какви политичари ќе дојдат по мене ќе сакаат газот да ми го бакнуваат. Слави е доказ дека Живков бил во право. До сега се зафркаваше со сите во државата. Сега доби шанса да се зафркава со цела држава. Комичарите како него не сакаат никој да ги сфаќа сериозно. И ние така треба да постапиме. Да не го сфаќаме сериозно господинот Ку-Ку мајко Блгарио, од денес и Бугарин паднат од Марс во политиката, порача Спасов.