дома Македонија СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК ВО НАТО: Владата го назначи екс-министерот Лазар Еленовски за специјален...

СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК ВО НАТО: Владата го назначи екс-министерот Лазар Еленовски за специјален пратеник во НАТО

Владата денеска го назначи Лазар Еленовски за специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел.

Еленовски беше поранешен министер за одбрана на Република Македонија, во периодот од 26 август 2006 до 28 јули 2008 година. Тој беше и амбасадор на Република Македонија во Белгија.