дома Арсенал СПЕЦИЈАЛНАТА ПОЛИЦИЈА ЗАВРШИ УШТЕ ЕДНА ОБУКА: Специјалните единици на МВР на обука...

СПЕЦИЈАЛНАТА ПОЛИЦИЈА ЗАВРШИ УШТЕ ЕДНА ОБУКА: Специјалните единици на МВР на обука за алпинизам заедно со Француските специјалци

Македонските специјални единици  во првата половина на  месец јуни  имаа обука за алпинизам во кризни ситуации спроведена во  соработка со Амбасадата на Република Франција во  Република Македонија, а  реализирана од страна на двајца инструктори oд Националниот центар за обука  за алпинизам и помош во склоп  на Републиканските компании за безбедност кои се наоѓаат во Шамони и Бриансон. Обуката изобилуваше со различни сценарија, технички вежби на повеќе локации, во урбани  и во  природни средини.