дома Македонија СПМ: Влaдeeњe на прaвoтo, штo бeшe тoа?

СПМ: Влaдeeњe на прaвoтo, штo бeшe тoа?

На ден 30.07.2021 година Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на “неговиот” синдикат МПС потпишаа “Листа на работни места во МВР за кои не се спроведува транспарентна постапка” (интерен оглас), велат од Синдикатот на полицијата во Македонија.

Во самата листа е наведено дека транстарентна постапка за распоредување не се спроведува за работните места:
– Началник во Сектор за внатрешни работи и
– Началник на Регионален, центар за гранични работи.

Најверојатно затоа што така им одговара на овие двајца за кои ПРАВОТО за нив е МИСЛОВНА ИМЕНКА.

Дозволете да потсетиме дека за наведените високи позиции(началници) во СВР и РЦ за ГР согласно членовите 22 и 26 од ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА, началникот во СВР и РЦ за ГР го назначува Министерот од редот на вработените ВО ТРАНСПАРЕНТНА ПОСТАПКА!

Значи за да биде поставен началник на наведената позиција ПОТРЕБЕН Е ИНТЕРЕН ОГЛАС!

Дали и зошто и овојпат се ставате над законот Ви е јасно на Вас двајцата!

Наше е да овозможиме во Министерство за внатрешни работи ДА ВЛАДЕЕ ПРАВОТО!

Веднаш да го поништите тој незаконски акт и да донесете друг!

Бараме одговорност за ваквото незаконско работење , велат од Синдикатот на полицијата во Македонија.

Објавата можете да ја погледнете ТУКА.