дома Политика СПОРЕДУВАЊЕ НА НЕСПОРЕДЛИВОТО: Погледнете како изгледа мини-митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ, а како...

СПОРЕДУВАЊЕ НА НЕСПОРЕДЛИВОТО: Погледнете како изгледа мини-митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ, а како од СДСМ!

Кирил Миновски кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги посети жителите на гевгелиско Миравци. 

На мини митингот тој ја промовираше изборната програма „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, за претстојните парламентарни избори на 11 декември.

 

Истовремено и техничката министерка Ременски имаше „мини-митинг“ во Мирковци во општина Чучер Сандево. Глетката од митингот на СДСМ е поразителна. Неколкумина членови, собрани во тесниот партиски штаб ја слушаат Ременски како се жали од условите за работа во Министерството за труд и социјална политика.

Ваквата глетка не е реткост на „митинзите“ на СДСМ. Имено, пред два дена техничкиот министер Оливер Спасовски имаше митинг во неговото родно Куманово, во кумановската населба Карпош на кој се собраа едвај 20-тина луѓе.

Не само на митинзите на Ременски и Спасовски. Вчера СДСМ доживеа дебакл и во Стајковци каде што имаше уште помалку поддржувачи. Стајковци го памети начинот на кој СДСМ се однесуваше кога на жителите им беше најтешко. Токму СДСМ ја злоупотреби нивната трагедија за партиски цели, тоа тие не го заборавија и ги казнуваат.