дома Македонија СПОРЕД МАНЧЕВСКИ: Власта ја запоcтави економијата на сметка на политиката!

СПОРЕД МАНЧЕВСКИ: Власта ја запоcтави економијата на сметка на политиката!

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во гостувањето во емисијата „Отворено на Алфа” на прашањето дали власта ја зaпостави економијата за сметка на политикатa и дали тој лично смета дека потфpлија дел од економските ресори Манчевски одговори:

-Сметам дека во економијата, во било која област секогаш може повеќе. Но кога ја имате водството на владата и премиерот кој е фокусиран на сосема други теми, тоа го зафаќа целиот негов капацитет и ангажман не може да очекувате дека фокусот ќе биде таму. На моите колеги, на економските министри и нив им треба фокусот на целата влада да се сврти кон економските теми, како што треба да се сврти и кон реформи во администрацијата.

Кога клучните луѓе се свртени кон решавање на тие прашања, нормално да се очекува дека во други делови поспоро ќе одат работите, подвлече министерот Манчевски.