дома Спорт СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА: Кошаркар напднал противнички играч, да го тпаат влетале и...

СПОРТ ВО МАКЕДОНИЈА: Кошаркар напднал противнички играч, да го тпаат влетале и навивачи

Дарко Најдовски – фотографија од архивата на basketball.mk, кога, додека играше за Карпош Соколи, се повреди на меч со Кожув, во плеј-аутот минатата сезона

На мечот меѓу екипите на Лирија 77 од Чаир и Академија ФМП, во рамките на Втората лига – Исток, се случил инцидент, по што натпреварот бил прекинат и за разврската ќе се решава во Канцеларијата на МКФ.

Дарко Најдовски – фотографија од архивата на basketball.mk, кога, додека играше за Карпош Соколи, се повреди на меч со Кожув, во плеј-аутот минатата сезона

Според очевидци, играч на гостинската екипа бил прво удрен од страна на играч од домашната екипа, а потоа кон нападот се приклучиле и лица од трибината.

  • На 6:23 до крајот на третата четвртина, при досуден фаул и водство за нашата екипа од 25 поени, се случи инцидент во кој што учествуваа наш и противнички играч. Еден од домашните играчи, на натпреварот на кој што ние бевме гости, му удри шлаканица на нашиот играч. Потоа, на теренот влетаа целата домашна клупа и 10-тина млади лица од трибината, кои што го нападнаа нашиот играч што претходно беше удрен. – велат претставници на КК Академија ФМП за basketball.mk.

Нападнатиот играч на КК Академија ФМП е Дарко Најдовски, кој што во минатото играше во дресот на Карпош Соколи.

За целиот инцидент читајте на basketball.mk.