дома Балкан Србинка зaгинa oд cтpyeн yдap кoпajќи кpиптoвалyти

Србинка зaгинa oд cтpyeн yдap кoпajќи кpиптoвалyти

Со неодамнешниот пораст на цените на пазарот за дигитални производи, криптовалутите се вратија во центарот на вниманието на јавноста во Србија, пренесува Блиц Бизнис.

За многумина, кои се скептични и несигурни во врска со инвестициите и тргувањето со акциите преку криптовалути, многу повеќе внимание привлекува т.н. криптовалута „рударство“. Во Србија, во повеќето случаи, луѓето „копаат“ со графички картички и компјутерски процесори, а „рударите“ најчесто избираат да копаат етериум.

Маја М. од Белград беше една од нив. Таа неодамна беше убиена од струен удар додека инсталирала кабел на нејзиниот компјутер со кои „копала“ криптовалути. Несреќната жена била дел на големиот број на луѓе кои во последно време се почесто се дел од оваа работа во Србија, а и заработуваат сериозни суми на пари.