дома Хроника СРБИН ИЗБОДЕН СО НОЖ ВО СКОПЈЕ: Префрлен на ургентен рано изутринава

СРБИН ИЗБОДЕН СО НОЖ ВО СКОПЈЕ: Префрлен на ургентен рано изутринава

Денеска (19.05) околу 06,05 часот од страна на Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив е донесено лицето В.И.(38) од Пожаревац, Р. Србија со убодна рана во пределот на стомакот.

По кажување на оштетениот, повредата ја здобил по претходна распавија со негов познаник на улица „Иван Аговски“ во Скопје.

Во врска со случајот во Полициска станица е приведен Ч.Ѓ.(39).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.