дома Спорт Србите молчат но Американците открија: И Никола Јокиќ е позитивен на коронавирус

Србите молчат но Американците открија: И Никола Јокиќ е позитивен на коронавирус

Никола Јокиќ е последното звучно име кај нашиот северен сосед заразено со ковид 19, откако стигна потврда дека и Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус.


Вестите ги објави добро упатениот новинар на ЕСПН, Адријан Војаровски, кој пренесе дека кошаркарот на Денвер бил позитивен на тест направен минатата недела во Белград.

Српскиот кошаркар нема симптоми и се чуствува добро, но неговото враќање во САД привремено се одложува.

Никола Јокиќ пред десетина дена настапи на ревијалниот натпревар на долгогодишниот тренер на Мега Бемакс, Дејан Милојевиќ. Еден од актерите на тој меч беше и Никола Јанковиќ од Партизан, кој потоа соппшти дека е позитивен на коронавирус, а дел од оваа дружба беше и Новак Ѓоковиќ.