дома Македонија Србите од утре ќе поминуваат низ Македонија без да плаќаат патарина

Србите од утре ќе поминуваат низ Македонија без да плаќаат патарина

Припадници на МВР на граничниот премин Табановце на српските туристи кои ќе транзитираат по коридорот 10 на пат кон Грција ќе почнат да им ги делат М-Смарт картичките за патарина. Со картичките се покриват патарините на правецот Табановце-Гевгелија и обратно.

Од вкупно планираните 200 илјади картички, во првата количина Јавното претпријатие за државни патишта изработило 65.000 и ги предало на МВР.

„Право на користење на картичките ќе имаат сите српски државјани кои патуваат со автомобил низ Македонија по Коридор 10 на кој патарините се опремени за користење на овој систем за наплата. Ќе се издава по една картичка по автомобил при влез на граничниот премин Табановце за што контрола ќе прави Министерството за внатрешни работи и Јавното претпријатие за државни патишта. На секоја од картичките има сума од 760 денари колку што е потребно за патарина во двата правци по автопатот „Пријателство“, велат од Владата.

-Ова е гест на благодарност кон Република Србија и српските граѓани кои секогаш се добредојдени одморот да го поминат во Северна Македонија, посочуваат од Владата.

М-смарт картичките важат само за српските граѓани кои патуваат по Коридорот 10, но не и оние кои одат на одмор во Охрид.