дома Балкан СРБИЈА ГО ВРАЌА СЛУЖЕЊЕТО ВОЈСКА:Војниците ќе земаат 230 евра месечно

СРБИЈА ГО ВРАЌА СЛУЖЕЊЕТО ВОЈСКА:Војниците ќе земаат 230 евра месечно

Младите кои ќе се пријават на доброволно одслужување на воениот рок во Србија од идната година, ќе се обврзаат на шест месечна служба, наместо досегашната која траеше три месеци. Освен зголемувањето на времетраењето на службата, зголемен ќе биде и државниот надомест кој го примаат војниците за истиот тој период на месечно ниво, кој ќе изнесува 25 000 српски динари односно околу 230 евра. Информацијата е и официјално потврдена од српското Министерство за одбрана.

Продолжување на времетраењето на службата ќе и биде понудено и на септемвриската класа, а од декември официјално ќе започне да се применува новиот модел.

Новиот модел ќе се состои од три етапи, па така, во првата со траење од еден и пол месец ќе се спроведе општа обука. Потоа, во наредните месец и половина ќе биде спроведена специјалистичка обука, за во последните 3 месеци војниците да бидат распоредени во единици и ќе се спроведува колективна обука. Од новиот модел се очекува да го подобри квалитетот и способноста на армијата на Србија.

Воениот аналитичар Мирослав Лазански се огласи со поддршка за шест-месечната служба, со аргументот дека тоа е најадекватен временски период за да се заврши основната воена обука. Тој исто така нагласува дека бројот на вооружените сили на Србија треба под итно да се зголеми. Во моментот, армијата на Србија брои 34 000 луѓе, од кои „под оружје“ се само 10 000.