October 6, 2022, 2:39 am

Србија месечно ќе произведува три милиони дози Синофарм вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почетокот на производството на вакцината „Синофарм“ во Србија се очекува од март, најдоцна во април, со три милиони дози месечно, пишуваат „Вечерње новости“.

Директорката на РФЗО Сања Радојевиќ Шкодриќ вели дека планот е производството да се одвива во две фази:

– Првата фаза, која опфаќа полнење и пакување на увезената материја, ќе започне во март и април – вели Радојевиќ Шкодриќ.

Вакцината на „Синофарм“ прво ќе се произведува за Србија, а потоа ќе се извезува во регионот и другите земји.

– Големите производители на вакцини не бираат партнери само така. „Синофарм“ ја препозна Србија како безбедна земја за производство на истата квалитетна, безбедна и ефикасна вакцина како таа што самите ја произведуваат. Многу сме горди на изградбата на фабрика за вакцини во Србија. Фабриката сега ќе произведува антиковид вакцини, но се планираат капацитети и за други вакцини или за проширување на капацитетите – објасни директорот на РЗОМ.

Сопственото производство на вакцини, а „Торлак“ веќе прави антиковид вакцина по руска технологија, е голема предност за секоја земја за време на пандемијата.

– Кога имате сопствено, домашно производство, сте ја осигурале вашата земја не само на доволни количини вакцини, туку и дека ќе можете брзо да произведувате. Гледаме дека за многу кратки временски периоди се појавуваат нови соеви и затоа е важно да се има домашно производство за да се прилагоди на новите соеви, а не да се чека и да зависи од други производители – вели Сања Радојевиќ Шкодриќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This