дома Спорт Србија по втор пат европски шампион во кошарка

Србија по втор пат европски шампион во кошарка

Женската кошаркарска репрезентација на Србија по втор пат ја освои титулата на континенталните шампионати.

Во вечерашното финале, во Валенсија, Србинките ја совладаа Франција со 63-54 и го повторија успехот од 2015 година, кога против истиот ривал дојдоа до својата прва круна.

Ивон Андерсон со 18 поени беше најефикасна на натпреварот, а Јелена Брукс додаде 15. Исто толку реализира и Валериен Вукосављевиќ во француската репрезентација.