дома Балкан СРБИЈА СЕ ПОДГОТВУВА: Од утре почнува упис во воената евиденција

СРБИЈА СЕ ПОДГОТВУВА: Од утре почнува упис во воената евиденција

Од понеделник 16.јануари ќе биде објавен општ повик за внесување во воената евиденција на граѓаните на Србија кои оваа година полнат 18 години. Министерството за одбрана ја разгледува можноста за повторно воведување на задолжително служење на воениот рок, за што конечната одлука ќе ја донесе Собранието.

“Мислам дека војската е добра бидејќи развива некои работни навики, јас најверојатно ќе се пријавам доброволно да одам во војска“, вели еден од анкетираните момчиња.

Во министерството за одбрана и Војската на Србија е формирана работна група кој се занимава со ревизија на стратешките документи, а едно од прашањата кое исто ќе го разгледува е и можноста за враќање на задолжителното служење воен рок.

 

Воената евиденција е редовна.

“Повикот на граѓаните овој пат се однесува на родените 99 г. и постари да се јават во Мо и да ја извршат својата обврска, а од Мај ќе почнат со поединечни позиви.

“Задолжителниот воен рок постои во Грција и Турција кои се членки на НАТО. Швеѓаните го враќаат воениот рок, германците размислуваат многу сериозно за тоа“ вели Лазански, воен аналитичар.