дома Балкан СРБИЈА ЈА ПОДИГНА БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ: По случувањата во Македонија, Србија ја подигнува...

СРБИЈА ЈА ПОДИГНА БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ: По случувањата во Македонија, Србија ја подигнува борбената готовност на војската долж границата!

Премеирот на Србија и избраниот претседател Александар Вучиќ изјави дека се извршени одредени тактички поместувања во безбедносните сили на Србија


Тој исто така додава граѓаните на Србија да не се плашат за својата безбедност, во светло не неодамнешните случувања во Македонија.

Според неговите зборови, „граѓаните на Србија можат мирно да спијат, Србија е мирна и стабилна, а борбената готовност на Војската на Србија е подигната таму каде што треба“.

Оценува дека е запрепастен што Албанците стануваат омилена станица на меѓународната заедница, како и дека е шокиран од изјавите на Рамуш Харадинај, кој по враќањето во Приштина изјавил дека не се шегувал кога рекол дека неговата екстрадиција во Србија би значела војна.

„И целиот свет молчи, на најстрашните, на најморбидните изјави…“, рекол Вучиќ и додава дека тоа во Србија го прават и „Харадинаевите Срби“.

Извор: РТС