дома Македонија Средбата заврши, договор за Влада сѐ уште нема

Средбата заврши, договор за Влада сѐ уште нема

Жалам, но денеска нема договор, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Собранието, пренесува 360степени

Тој најави дека преговорите ќе продолжат во следниве денови, изразувајќи задоволство бидејќи, како што рече, наративот на коалицискиот договор е стокмен.

„Верувам дека нема многу време да гyбиме во распределбата на ресорите, приближно знаеме кој каде е подготвен да земе одговорност, но сето тоа ќе значи и компарација со кадрите за кои ќе се разговара, но дефинитивно имаме уште многу да работиме во следниве денови. Се надевам дека тоа ќе биде час поскоро или ден порано“, рече Заев.

Тој повтори дека повикот на Ахмети за средба со лидерите на сите политички партии од албанскиот блок ја сваќа како притисок врз СДСМ велејќи дека и претставниците на останатите етнички заедници можат да го направат истото.

„Ако поводот е Охридскиот рамковен довогор и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да се таму, и тие се потписници на Договорот кој се слави на 13 август“, смета Заев.

Прашан дали преговорите се „зaпнати“ околу барањето на ДУИ за премиер Албанец и дали партијата инсистира на тоа, кратко одгвори дека ако навлезе во коментари нема да помогне на преговарачкиот процес.