дома Свет Средба Бајден- Путин, се очекува голема пресвртница

Средба Бајден- Путин, се очекува голема пресвртница

Наскоро ќе биде појасна ситуацијата кога претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на САД, Џо Бајден, повторно ќе разговараат, но можно е да не се состанат лично, изјавил заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

“Мислам дека наскоро ќе се разјасни ситуацијата. Моментално не станува збор физичка средба, но тоа не го намалува значењето на нивниот разговор. Со оглед на сите околности и прашања кои постојат во билатералните односи и на меѓународната сцена, ми се чини дека нивниот контакт ќе биде голема пресвртница”, рекол Рјабков.

Тој нагласил дека засега не е јасно кога и во каков формат ќе се состанат.

Заменикот министер за надворешни работи соопштил и дека се подготвува состанок на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров и генералниот секретар на САД Ентони Блинкен на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на ОЕБС во Стокхолм.

Рјабков зборувал и за новото најавено протерување на руски дипломати од Вашингтон. Тој нагласил дека Москва сигурно ќе одговори на тоа и додал дека американската страна мора да престане со таа пракса.