дома Образование Средношколците на нозе: Cтoп за уништување на образованието, доколку Царовска продолжи со...

Средношколците на нозе: Cтoп за уништување на образованието, доколку Царовска продолжи со инaетење, излегуваме на улица

Целиот период на министерската за образование Мила Царовска е исполнет со скандали, уништување на образованието и инаетење на министерката. Последната “реформа” со учебниците е крајно лоша и дискриминаторска одлука од многу аспекти, но свесни сме дека Мила Царовска има цел сосема да го уништи образованието и дека гласот на граѓаните е апсолутно небитен за министерката, стои во реакцијата на Средношколски глас за воведувањето на електронски учебници.

– Ние Средношколски Глас како средношколска организација строго се противиме против уништувањето на образованието и доколку министерката Мила Царовска продолжи со нејзиното инаетење и деструктивизам нашето противење ќе прерасне во протести, а трпението кај граѓаните е од ден на ден помало. Стоп за уништувањето на образованието, велат од здружението.