дома Македонија Средношколците со остра реакција за падната платформа: Образованието е право, а не...

Средношколците со остра реакција за падната платформа: Образованието е право, а не привилегија

Националната платформа за учење на далечина не функционира, се вели во реакцијата на Средношколски глас, откако вчера учениците во речиси сите основни и средни училишта добија насоки да се најават на платформата за онлајн настава, но платформата кај повеќето ученици воошто не функционираше, а денеска треба да се одржат првите пробни часови.

Како ќе успеат првите пробни часови кога платформата воопшто не е функционално кај повеќето ученици. На официјалната страница за платформата исто така покажува дека има и мобилна верзија, но во теорија мобилната верзија не е воопшто функционална. Ние средношколците сме незадоволни од непристапноста и нефункционалноста на платформата. Образованието е право, а не привилегија и поради таа причина треба да биде достапна и функционална како и на компјутер така и на мобилните телефони. Се надеваме дека Mинистерството ќе ја корегира нефункционалноста и недостапноста на оваа платформа, велат од Средношколски Глас.