дома Македонија Срѓан Јаниќиевиќ: Глупоста и омразата, може да родат само глупост и омраза....

Срѓан Јаниќиевиќ: Глупоста и омразата, може да родат само глупост и омраза. Добрите дела инспирираат

Режисерот Срѓан Јаниќиевиќ по немилиот настан напиша на „Фејсбук:

После несpеќата:

Веднаш се пријавија многу луѓе за помош и ги понудија своите домови за семејствата на настpаданите; Сите лекари (по кои најчесто знаеме да плуkаме, зошто такво ни е здравството) веднаш од дома се “нацртале” на работно место без да прашаат, за да помогнат;

Имаше објава на ФБ дека има недостаток на крв, на timeline после многу кратко време, се појави дека има крв доволно; приватните Систина, Неуромедика веднаш се појавиле со нивните амбулантни возила да помогнат… И најверојатно има уште многу друга помош што не ја знам од нашите сограѓани, фирми, институции… ТОА ТРЕБА ДА СЕ СЛАВИ И ЗА ТОА ТРЕБА ДА СЕ ПИШУВА!

За другите (кои се сепак малцинство) МВР да фати работа.

Едит: Глупоста и омpазата, може да родат само глупост и омpаза. Добрите дела инспирираат.