дома Европа СТАВИЛ ЛОЗИНКА „МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА“: Вака грчки газда ги брка Македонците!

СТАВИЛ ЛОЗИНКА „МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА“: Вака грчки газда ги брка Македонците!

Сопственик на бар на плажа на Халкидики докажа дека само небото му е лимит во креативноста како да ги одврати гостите од Македонија – стави лозинка „Македонија е грчка“ за безжичната мрежа – објави “Експрес.мк”

Теодорос Теодоридис се решил на ваков чекор откако минатото лето, по потпишувањето на Преспански договор, на прашањето „Од каде сте“, гостите од соседната земја, како што изјави тој за „Тесњуз“, „уредно“ му одговарале „Од Македонија“, без „Северна“.

Газдата на барот „Самер саншајн“ од Неа Ираклија ја пренесува и реакцијата на вџaшeните македонски туристи.

„Малку им изгледа чудно, но, едноставно, ја внесуваат лозинката и не велат ништо“, објаснува тој, додавајќи дека не се замоpyва со тоа дали оваа нефopмална мерка некому му се допаѓа или не.

„Не ми е гајле дали ќе ги донесе овие луѓе повторно во мојот бар, бидејќи, за разлика од сите други, тие само земаат лежалки за две евра и седат цел ден“, порача Теодоридис.