дома Македонија СТАНАВМЕ СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ: Германски весник ни го смени името на нацијата

СТАНАВМЕ СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ: Германски весник ни го смени името на нацијата

Убедувањата од власта во Македонија дека со Преспански договор бил зацементиран македонскиот идентитет и препораките од Министерство за надворешни работи очигледно не допреле до „Ханделсблат“.

Водечкиот германски весник за бизнис уште во насловот на статијата за македонскиот готвач Пеце Клечкароски ги побива премиерот Зоран Заев, потписникот на договорот од Нивици, Никола Димитров, и нивните владино-партиски колеги и приврзаници.

„Кога еден млад Северномакедонец ја револуционизира кујната на својата татковина“ е насловот што боде очи на инаку афирмативниот текст за намазите „Леска“ и за другите кулинарски вештини на Клечкароски.