дома Технологија СТАРТАП ИЗMAMA: Имала вредност од 42 милиони долари

СТАРТАП ИЗMAMA: Имала вредност од 42 милиони долари

Дека има разни финансиски злоупотреби во технолошкиот свет не е ништо ново. Сепак, нови се софистицираните начини за собирање пари.

„Shopin“ требаше да биде платформа каде купувачите ќе можат да купуваат преку интернет само со една сметка, слично како во вистинските трговски центри.

Исто така, во понудата беа и виртуелни „shopin“ токени кои би работеле на блокчејн технологија, при што многубројни инвеститори вложија дури 42 милиони американски долари во овој проект.

Сепак, ништо од ова не се оствари, со тоа што основачот на платформата Еран Раџал потроши скоро половина милион долари на забава, изнајмување луксузни станови, па дури и ескорт услуги.

Раџал, исто така им претстави на инвеститорите наводни партнерства со најголемите интернет продавници и брендови, што исто така се покажало како лажно.