Ако е толку сигурен дека неговиот кандидат ќе победел со 7.000 гласа разлика, тогаш зошто Стефан Богоев сеуште седи и зема пратеничка плата? Ако е сигурен во победата, зошто не си даде оставка?
Плаши мечка со решето, и си ги охрабрува своите 700-800 членови донесени од цело Скопје на митингот во Лептокарија. Што се однесува на мојата песна „Не може нам нико ништа“, јас барем знам да ја пеам, а тој не знае ниту да ја изрецитира.
Пак ќе прашам, ми бараше ли Зоран Заев 200.000 евра, или не? Ми даде ли ливче со оваа сума, или не? И, ја сака копијата или оригиналот?