дома Балкан СТЕФАН ОД БЕЛГРАД ВО “ГРАДОТ НА ДУХОВИ”: Во Вухан ништо не работи,...

СТЕФАН ОД БЕЛГРАД ВО “ГРАДОТ НА ДУХОВИ”: Во Вухан ништо не работи, но има доволно храна за сите

Стефан Војниќ (27) од Белград, кој во моментов се наоѓа во „најопасниот“ град во светот, Вухан, веќе неколку дена е ставен во карантин поради коронавирусот, вели дека не се плаши од заразата затоа што строго се придржува до сите правила, но сепак, тој не може да дочека да се врати дома.

 

 

Тој го опишува Вухан како „град без луѓе“, каде се затворени сите форми на јавен превоз од автобуси, метро до аеродромите, во некои продавници полиците се празни, но, вели Стефан, во моментов има доволно храна за секого.

Нема паника, барем не ја забележав – истакнува тој во телефонското интервју за Танјуг, во кое се наведува дека сите ги почитуваат правилата – да носат маски на улиците, да избегнуваат контакт со луѓе и животни, редовно да ги мијат рацете …