дома Македонија СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ МНОГУ ЗАДОВОЛЕН:САД се горди што Македонија се приклучи на американско-европската...

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ МНОГУ ЗАДОВОЛЕН:САД се горди што Македонија се приклучи на американско-европската акција против Русија

Американскиот Стеjт департмент во изјава за МИА денеска укажа дека САД се горди што Македонија се приклучи на заедничката акција против Русија.

 

Македонија завчера протера еден руски разузнавач и стана дел од акцијата на САД, Канада и дваесет други европски земји во која беа протерани вкупно 139 руски дипломати и разузнавачи од тие земји како одговор на нападот со отровен нервен агенс во Солсбери, Велика Броитанија.

– Јасно демонстриравме дека сме солидарни со Велика Британија и испративме јасна порака дека со своето неодговорно однесување Русија плаќа висока цена. Продолжуваме да се координираме со партнерите и сојузниците, а оние кои се уште не го сториле тоа ги охрабруваме да преземат мерки за испраќање на слична порака до Русија, се вели во изјавата.

– Уште еднаш нагласувам, демонстриравме дека Русија плаќа висока цена за своето неодговорно однесување насекаде низ светот, изјавија од Стејт департментот.