дома Македонија Стоилковски: Потребна е еkcпертска влада која ќе воведе реални мeрки за надминување...

Стоилковски: Потребна е еkcпертска влада која ќе воведе реални мeрки за надминување на ситуацијата со КОВИД-19

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за целата ситуациија во државата поврзана со КОВИД-19 и рече дека да се надминат овие погубни политики на власта потребно е да се формира експертска влада која ќе воведе реални мерки кои ќе дадат ефекти.

Се воведе полициски час во моменти кога имавме многу помали бројки на заразени и на починати. Зошто? Затоа што на оваа влада тоа и одговараше за да може да направи мапирање на социјални семејства кои понатаму кои требаше да ги примат оние нивни наводни донации и поткуп за избори. Можеби сега такво нешто би се случило во Штип за чисто да ги уценат луѓето да се појават на избори само за да може да има некаков легитимитет нивниот единствен кандидат бидејќи се организраат избори во Штип во кој што власта сама си учествува. Мора да се превземат сериозни мерки затоа што државата мерките кои ги презема народот не верува во нив. Мора да се врати довербата во институциите дека нешто се превзема, а како ако не со експертска влада и пред се со воведување на реални мерки кои што ќе дадат некаков ефект, истакна портпаролот Столковски во своето гостување.