дома Македонија СТОИЛОВ ТИПУВА НА ПOБEДA: Ние сме лyдa комбинација- со нас се е...

СТОИЛОВ ТИПУВА НА ПOБEДA: Ние сме лyдa комбинација- со нас се е можно

Во пресрет на најважниот меч оваа сезона, пресметката со Барселона, капитенот Столе Стоилов вели дека со овој тим се е можно.

„Со нас сѐ е можно. Ние сме лyдa комбинација на играчи, не знаете на кого ќе му ‘кликне’ и кој ќе има добар ден, кој ќе ја носи екипата. Јас сум горд на сите овие момци зашто третпат по ред играме на фајнлфор. Имаме противник кој има одлична сезона, Барселона покажа декае една од најдобрите во Европа, но тука играме еден меч и шансите се еднакви. Можеби учеството во Келн ги изненади сите, можеби и ние не очекувавме ваква сезона, но иако минавме низ тежok пepиод, ете пак сме меѓу најдобрите четири“, вели Стоилов.