дома Македонија СТОЛТЕНБЕРГ НИ ЧЕСТИТАШЕ: Топло го примил постигнатиот договор помеѓу Ципрас и Заев

СТОЛТЕНБЕРГ НИ ЧЕСТИТАШЕ: Топло го примил постигнатиот договор помеѓу Ципрас и Заев

Генералниот секретар на НАТО прв честиташе за постигнатиот договор помеѓу Заев и Ципрас и посака што побрзо истиот да биде имплементиран со цел Македонија што побрзо да стане членка на алијансата

 

„Топло ја примив веста за постигнатиот договор помеѓу премиерите Ципрас и Заев за решение за спорот со името помеѓу Атина и Скопје. Овој историски договор е доказ на долгите години на трпелива дипломатија, и желбата на двајцата лидера да решат проблем кој го загрижуваше регионот предолго.

Сега ги повикува двете земји да го финализираат договорот помеѓу двајцата лидери. Ова ќе го стави Скопје на неговата патека кон членство во НАТО. И ќе помогне да се консолидира мирот и стабилноста во поширокиот регион на Западен Балкан.“ – напиша Столтенберг.