дома Актуелно ,,СТОП ОПЕРАЦИЈА СОРОС“: Изразуваме големо задоволство од донесената одлука на Џудишал Воч...

,,СТОП ОПЕРАЦИЈА СОРОС“: Изразуваме големо задоволство од донесената одлука на Џудишал Воч да поднесе тужба против УСАИД Македонија и американскиот амбасадор Џес Бејли

Сметаме дека неколкумесечната работа на иницијативата Стоп операција Сорос започна да вродува со плод. Уште на самиот почеток истакнавме дека ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за работата на Џорџ Сорос во Република Македонија и вмреженоста на неговата Фондација со УСАИД, пишува во соопштението на иницијативата.

Интегрално ви го пренесуваме соопштението на Стоп операција Сорос

Стоп операција Сорос изразува големо задоволство од донесената одлука на Џудишал Воч да поднесе тужба против УСАИД Македонија и американскиот амбасадор Џес Бејли. Оваа најреномирана правна организација од САД на 6 февруари 2017 година поднесе официјално барање до Стејт Департментот, УСАИД и Американската амбасада во Република Македонија, да ги достават сите материјали, вклучително и нивната коресподенција, кои се во интерес на истрагата, но одговорот од повиканите изостанал. Ние сме зачудени од покажаната незаинтересираност и игнорантскиот однос на УСАИД и Aмбасадорот Џес Бејли кон истражителите.

Сметаме дека неколкумесечната работа на иницијативата Стоп операција Сорос започна да вродува со плод. Уште на самиот почеток истакнавме дека ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за работата на Џорџ Сорос во Република Македонија и вмреженоста на неговата Фондација со УСАИД. Во САД алармиравме за злоупотребата на финансиски средства од американските даночни обврзници, кои се наменети за развој на државите, а со истите во Република Македонија се финансираа активности на политичка партија. Со тоа се кршеше Точка 1. од Член 41 од „Виенската Конвенција за дипломатски односи“ во која е уредена забраната на дипломатите да се мешаат во внатрешните работи на државата кај која се акредитираат. Очекуваме сомневањата кои беа содржани во материјалите испратени до Вашингтон да бидат докажани односно отфрлени во судска постапка, а обвинетите да бидат соодветно санкционирани односно ослободени.