дома Социјални Мрежи СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ СЕ ПРАВДА НА ФЕЈСБУК: „Веста е лажна“ – доби порака...

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ СЕ ПРАВДА НА ФЕЈСБУК: „Веста е лажна“ – доби порака од братучедот на Хазби, дека следниот пат „полошо ќе помине“

Стојанче Ангелов се обиде да се оправда на социјалните мрежи дека не бил набркан од кафуле во Тетово од страна на братучед на вице-премиерот Хазби Лика, но набрзо пристигна и демант на неговото оправдување дека тоа било „лажна вест“

 

„Оваа вест е лажна! Освен келнерот од кого порачавме кафе и кој ни донесе кафе, нико дуг ниту ми пријде ниту ми проговори. Сведоци се келнерот, двајцата мои пријатели кои беа со мене од кое едниот Албанец и уште неколку лица кои беа внатре во локалот. Доста ширите oмpaза, треба да живееме заедно во мир. Поздрав до сите.“ – напиша Стојанче Анеглов.

Имено, Нуха Лика, братучедот на Хазби, му одговори дека овој пат Ангелов имал среќа, и дека следен пат би поминал потешко.

„Овој пат се спаси, те очекувам да дојдеш пак и ќе видиме како лажам тогаш“ – му напиша Нуха Лика во коментари на Ангелов.