дома Балкан СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ЗАГЛАВЕНИ КАЈ ЛЕСКОВЕЦ: ,,Аптив Пакард” не го мина Табановце заглави...

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ЗАГЛАВЕНИ КАЈ ЛЕСКОВЕЦ: ,,Аптив Пакард” не го мина Табановце заглави во Србија

Фабриката „Аптив пакард“ (Aptive Packard), за производство на електроинсталација за автоиндустријата, отворена е минатиот понеделник во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Зелената зона во Лесковац и вработува 400 работници, а планот е до крајот на 2019 да има 1100 вработени.

На свеченото отворање на фабриката покрај Вучиќ, присуствувал и потпретседателот и директор на сегментите за производство задолжен за регонот на Европа и Блискиот исток, Улрих Ајхлер и градоначалникот на Лексовац.

Британската технолошка компанија вложила 25 милиони евра за изградба на комплекс на 30 000 м2 површина, на земјиште од шест хектари кое градот Лесковац му го отстапил на фабриката.
Од компанијата навеле дека клучни причини за отворање на нов погон во Лесковац се поволното деловно опкружување, стручната работна сила и локалната инфраструктура.

„Аптив“ чие седиште е во Гилингем, е компанија која вработува 147 000 луѓе и има погони во 45 земји.Во Србија има фабрика и кај Нови Сад каде с евработени 3 000 лица.