дома Европа СТРАНСКИ СЛУЖБИ ОДГОВОРНИ ЗА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ: Тврди градоначалникот на Анкара

СТРАНСКИ СЛУЖБИ ОДГОВОРНИ ЗА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ: Тврди градоначалникот на Анкара

Земјотресите во западниот турски округ Чанаккале можно е да се организирани од странски сили кои имаат за цел уривање на економијата на Турција со „вештачки земјотрес“ близу Истанбул, изјави градоначалникот на Анкара.

– Денес имаше голем земјотрес во Чанаккале. Јас проверив дека има брод што извршува сеизмични анализи во близина. Што бара тој брод и на која држава и припаѓа треба веднаш да се дознае. Стравувам од потенцијален земјотрес што може вештачки да биде предизвикан, напиша на Твитер Мелих Ѓокчек.

Тој предупредува и на бродови во Мраморното Море и за нивна целосна контрола.

– Ударот кон Турција сега има зацел да ја урне економски со земјотрес близу Истанбул. Некои може ќе ми се смеат, но јас сум вознемирен поради тоа. Сите подморници и бродови крај Истанбул, Мраморното Море и Чанаккале треба да бидат под надзор, напиша тој.

Во Чанаккале во изминатите два дена беа регистрирани два земјотреса со интензитет од 5,3 и 5,2 по Рихтер.