дома Актуелно СТРАТЕШКИТЕ ПАРТНЕРИ ПОДДРЖУВААТ ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Европската унија повторно со притисоци за...

СТРАТЕШКИТЕ ПАРТНЕРИ ПОДДРЖУВААТ ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Европската унија повторно со притисоци за избор на Тиранска влада!

Продолжува притисокот од страна на бирократијата на Европската Унија кон Р.Македонија, преку директно вмешување и издавање на директиви за тоа како треба да се води политиката во Македонија, за чија доверба гласале Македонските граѓани

Европската комисија очекува од сите политички лидери и институции во земјата да се овозможи развивање на демократскиот процес и да се избере претседател на Собранието, а потоа и нова Влада. Ова го изјави портпаролката Маја Коцијанчиќ.

„Треба да се почитуваат резултатите од последните парламентарни избори и да се отстрани ќор-сокакот, да се утврди владата и тоа без одлагање врз основа на парламентарното мнозинство. Вие знаете дека комесарот Хан и високиот претсавник за добрососедска политика го повикаа претседателот да ја ревидира својата позиција.“ – изјавила Коцијанчиќ.

Според ЕУ, се очекува во текот на оваа недела да се избере нов претседател на Собранието, што се поклопува со тврдењата дека СДСМ губи време и ќе се обиде да спроведе насилен и неделовнички избор на претседател на Собранието, а потоа и тиранска влада.

ЕУ сеуште ја нема осудено платформата од Тирана.