дома Локално СТРАШНА СНИМКА ОД ЧАИР: „Животот“ пристигна во Чаир, откако дете пропадна во...

СТРАШНА СНИМКА ОД ЧАИР: „Животот“ пристигна во Чаир, откако дете пропадна во дупка оставена од општината!

Пристигна животот во Македонија. Во општина Чаир по обилните врнежи, a поради нерешената инфраструктура, се случи несреќен случај, при што е повредено дете, објави НетПрес.


Општината каде што градоначалник е Изет Меџити од редовите на ДУИ, постојано е мета на критика во јавноста поради негрижата на локалната власт за подобрување на условите за живот на граѓаните, па така, секој и не толку пороен дожд, создава големи проблеми.

Во видеото подолу може да се забележи како детето пропаѓа во дупка додека стои покрај урнатина како последица од дождот што врнеше во средата.