дома Свет СТРАШНИ СНИМКИ ОД БАРСЕЛОНА: Тела на загинати расфрлани на сите страни по...

СТРАШНИ СНИМКИ ОД БАРСЕЛОНА: Тела на загинати расфрлани на сите страни по улиците во Барселона

Повеќе од 13 лица се загинати, а најмалку 25 повредени откако минибус удри во група луѓе во центарот на Барселона. Инцидентот се случил во Лас Рамблас, популарно место во реонот на Плаза Каталонија.

Локални медиуми јавуваат дека се слушнале и истрели на пазарот Бокерија во Барселона и оти две вооружени лица се забарикадирани во ресторан на плоштадот во Барселона по инцидентот со минибусот.

Според шпански медиуми, возачот на минибусот побегнал оставајќи го возилото. Полицијата го блокираше реонот, а на местото на инцидентот има осум амбулантни возила.

Луѓето од тој реон бегаат во паника, јави телевизијата ТВЕ.

Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон го прекина годишниот одмор и се враќа во градот.Најмалку 13 лица загинаа, а 25 се повредени во терористичкиот напад што денеска се случи во Барселона.