дома Актуелно СТРУКТУРИ ОД „АЛФИТЕ“ МУ ПОМАГАЛЕ НА СЕТКО: Познати лица од јавниот живот...

СТРУКТУРИ ОД „АЛФИТЕ“ МУ ПОМАГАЛЕ НА СЕТКО: Познати лица од јавниот живот во Македонија биле клиенти на братот на Есад Рахиќ!

Извори блиски до истрагата информирале дека клиентела на осомничените им биле познати лица од естрадата, сопственици на кафулиња и поимотни лица од Скопје, пишува „Нетпрес“ .

„Сетко се чувствувал многу сигурно затоа што имал контакти и со поранешен командант на единицата „Алфи“, но и поранешни службени лица во НТС во МВР. Извори од истрагата велат дека ќе треба време да се заврши анализата и да се утврди целата шема на соработници, клиенти и контакти“.

Одржувал лични контакти со своите муштерии, се нарачувала количина, а кокаинот го испорачувал лично тој, но понекогаш и преку останатите членови од групата. Се одело на лице место каде што барал нарачателот.

Извори од истрагата велат дека ќе треба време да се заврши анализата и да се утврди целата шема на соработници, клиенти и контакти.

Во однос на тоа од каде ја набавувал дрогата, според досегашните сомненија, станува збор за лице од Нови Пазар, познато на службите и поради контакти со извесни радикални структури.