Струмица Опен Фестивал свечено беше отворен на десетти август, со проектот на Камерниот оркестар на Битола насловен „Rock Symphony“.
Синоќа настапуваа Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Тони Цетински, Divolly & Markward и Ted Dettman b2b Sal Sonder.
Вечерва свои настапи ќе имаат Виктори бенд, Либеро бенд, Марија Шерифовиќ, Лепа Брена и Афишал.
Во недела музички гости ќе бидат бендот Црвена Јабука, Дубиоза Колектив, Саша Ковачевиќ и Astra – ION Project.
Поради интересот за фестивалот, речиси и да нема слободни соби во локалните хотели. За време на викендот се очекуваат илјадници гости од цела земја, но и од соседна Бугарија, посебно поради големиот интерес за балканската музичка ѕвезда Лепа Брена, која е една од омилените пејачки во Бугарија. Најавено е пристигање на повеќе автобуси со фанови на популарната пејачка. Нејзиниот настап ќе започне 35 минути по полноќ, а ќе трае до два часот.