дома Временска Прогноза Студено утро со минусни температури, преку ден сончево до 18 степени

Студено утро со минусни температури, преку ден сончево до 18 степени

Времето во земјава преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини со појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, а во текот на денот претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во сабота во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.