December 6, 2022, 7:37 pm

Стejт дeпapтмeнтoт гo oткpи бpoјот нa нykлeapнo opyжјe вo американскиот аpceнaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стејт департментот го соопшти бројот на нуклеарно оружје во американскиот арсенал што, како што соопшти, ќе им помогне на глобалните напори за контрола на ширењето на ова оружје.

Одлуката претставува промена во споредба со политиката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јавија американски медиуми. Администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден ја преиспитува политиката за нуклеарно оружје, што се очекува да биде завршено на почетокот на следната година.

Стејт департментот соопшти дека американското оружје, вклучително и активното оружје, како и оние за долгорочно складирање, броело 3.750 парчиња заклучно со септември 2020 година. За споредба, во 2019 година тие изнесувале 3.805, а во 2018 година – 3.785. Во 2003 година нуклеарниот арсенал на САД имал нешто повеќе од 10.000 оружја, со најмногу имало во 1967 година – 31.255.

САД последен пат го открија бројот на нивните нуклеарни оружја во март 2018 година, кога рекоа дека имале 3.822 заклучно со септември 2017 година. Ова беше на почетокот на претседателството на Трамп, чија влада подоцна ги чуваше како тајна информациите за бројот на нуклеарно оружје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This