дома Политика Стojкocки гo дoби Увepeниeтo oд ДИК: Градоначалник е caмo фyнкциjа, ќе бидам...

Стojкocки гo дoби Увepeниeтo oд ДИК: Градоначалник е caмo фyнкциjа, ќе бидам човек кој кaкo гpaдoнaчaлник ќe бидe ceкoгaш тyкa зa вac

Новоизбраниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска од Државната изборна комисија го доби Уверението.

-Градоначалник е само функција, а јас ќе бидам човек кој како градоначалник ќе биде секогаш тука за вас. Тоа ви го ветив во кампања, тоа го повторувам и со добивањето на уверението од Државната изборна комисија. Од денеска, Ѓорче Петров го има и новиот Совет на општината, кој ќе треба и мора да работи само во нејзина корист и никако поинаку, вели Стојкоски.

Посочи дека Ѓорче ќе биде модерно, урбано, хумано!

Стојкоски освои победа во првиот круг од локалните избори одржани на 17 октомври.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.