August 18, 2022, 8:47 am

Судскиот совет го ocyди постапувањето на министерот за правда и побара да не се врши притиcok врз cyдиите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судскиот совет го осуди постапувањето на министерот за правда кој вчера ги прозва апелационите судии кои одлучиле да го укинат притворот за Мијалков. Според судски, со зaкон било забрането влијание врз работата на судии од било кој во државатаПишува Сител.

„Судскиот совет укажува дека судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој постапува исклуичиво според закон и не делува под политички влијанија, а истото се однесува и за работата на судиите“

Политички притисок врз судството препознаваат и адвокатите на Мијалков. Велат недозволиво е извршната власт да се меша во независноста на судството.

„Гледајќи ja целата ситуација во која мнистерот за правда направи невиден политички притисок како извршна власт и врз судството и врз судскиот совет, само се покажува дека извршната власт не е спремна да се откаже од влијанието врз судската власт“, изјави адвокатот на Мијалков

Адвокатите веќе поднеле жалба за новиот притвор на Мијалков кој доцна синоќа го одреди судот по барање на обвинителството. Тврдат дека тој незаконски бил задржан во Шутка чекајќи судот да одлучи дали за него повторно ќе биде одреден притвор.

Мијалков сега е во притвор за случајот Плацеви на Водно. На денешното судење кое продолжи со анализа на финансиските трансакции, одбраната на обвинетиот Камчев посочи дека вештачењето покажало дека Орка Холдинг од сопствени пари купила удел во компанија од Белизе, а не како што тврдело обвинителстовото, со пари кои екс премиерот Груевски ги присвоил од партијата. Со тоа, смета одбраната се потврдувала неоснованост на обвинението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This