дома Актуелно СЈО ВЛЕТА ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ: По налог на МВР, СЈО ќе...

СЈО ВЛЕТА ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ: По налог на МВР, СЈО ќе истражува криминал во Фондот за иновации!

По налог на Специјалното јавно обвинителство, МВР влезе во просториите на Фондот за иновации, потврди за Макфакс директорот Јован Деспотовски, кој нагласи дека полицијата одзела документи.

“Дојдоа, проверија, одземаа документи. Тие си ја тераат подтапката, не би навлегувал. Ние во понеделникот ги повикавме јавно да постапат, по што постапија” рече Деспотовски.

Од СЈО за Макфакс велат дека е предистражна постапка, поради што не можат да даваат повеќе информации.