дома Политика СЈО ЗАПЛАШУВА СУДИИ ОД УПРАВЕН СУД: Партиската испостава на СДС заплашува судии...

СЈО ЗАПЛАШУВА СУДИИ ОД УПРАВЕН СУД: Партиската испостава на СДС заплашува судии на Управен, кои потоа треба да одлучуваат по жалбите од локалните избори!

СЈО директно се вмеша во претстојните локални избори. СЈО работи како продолжена рака на СДС. СЈО и СДС се обидуваат да влијаат врз волјата на граѓаните кока треба да биде изразена на 15-ти октомври, истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

-СЈО без никаков аргумент во предметите тенденциозно опфати двајца членови на Државната изборна комисија и 5 судии на Управниот суд. На петте судии веќе им е симнат и имунитетот. Направен е преседан. Се води кривична постапка против нив само заради судско убедување. Заднината на овој преседан е друга. Токму Управниот суд треба да одлучува по жалбите околу изборниот процес и на овој начин, преку СЈО, СДС испраќа порака и ги застрашува судиите кои би одлучувале, но и го ограничува, односно намалува бројот на судии кои ќе постапуваат, подвлече Ѓорѓиевски.

Од друга страна, додаде тој, ДИК е институцијата која ги спроведува изборите и одлучува за нивната регуларност.

-ДИК е таа институција до која политичките партии поднесуваат приговори за изборни нерегуларности и која одлучува дали некаде ќе се прегласува. Работење без аргументи, со заплашување и закани е специјалност и на СДС, а исто така и на СЈО, па нема да им претставува проблем на тој начин да се обидат да ги контролираат овие две институции. Со ставање под контрола на ДИК и Управниот суд, на СЈО/СДС им се отвора патот да ги местат локалните избори и да ја изиграат волјата на граѓаните.

На јавноста, потенцираше Ѓорѓиевски, одамна и е јасно дека СЈО работи единствено како алатка на СДС за политичка пресметка со своите политички неистомисленици. Сега гледаме и нова улога на СЈО, а тоа е мешање во изборите.

-СДС и СЈО сметаат дека ќе имаат вечна власт и ќе бидат доволно моќни и недопирливи за да можат да ги спроведуваат политиките во кои Заев ги продава највисоките државни и национални интереси. Зоран Заев и СДС нема да владеат долго. Правната држава ќе се врати и согласно закон, секој ќе си одговара за несоодветното, нелегално и непрофесионално работење. Граѓаните на Република Македонија нема да потклекнат на притисоците и нема да дозволат да продолжи безобразното и антидржавно владеење на СДС. Зоран Заев и СДС ќе сносат политичка одговорност и на локалните избори ќе ги стигне казната од граѓаните.