дома Македонија СЈО НЕМА ДА БАРА ПРИТВОР ЗА МИЈАЛКОВ: Бил дисциплиниран, редовно се јавувал...

СЈО НЕМА ДА БАРА ПРИТВОР ЗА МИЈАЛКОВ: Бил дисциплиниран, редовно се јавувал на судењата и ги почитувал мерките

Специјалното јавно обвинителство нема да бара притвoр за Сашо Мијалков кој е еден од обвинетите во случајот „Империја“ и покрај тоа што неговиот братучед осудениот пратеник Никола Груевски побегна во Будимпешта и бара политички азил.

„Има веќе мерки за Сашо Мијалков и тој ги почитува мерките, како што ги почитуваше и Никола Груевски, се појавува на суд и сметавме дека е доволно. Сега веќе ќе се прават други проценки, но мислам дека за Сашо Мијалков нема да се бара притвор“, кажа Јанева гостувајќи на 1ТВ.

Јанева кажа дека на суд ќе ги докажат бизнис релациите меѓу Орце Камчев и Сашо Мијалков, кој стои зад фирмата „Ексико“, колку пари се испрани преку неа и кој ги присвоил тие пари.